Цариник вработен во Сектор за контрола и истраги го посетил Груевски во Будимпешта

Уште едно лице вработено во Царинската управа, поточно во Секторот за контрола и истраги било во посета на поранешниот премиер Никола Груевски, кој откако беше осуден на двегодишна казна затвор илегално замина во Унгарија, каде доби азил и во моментов се наоѓа во престолнината Будимпешта.

Цариникот е идентификуван откако беше фотографиран со Груевски од страна на угарскиот портал „24.ху“, додека седат во еден елитен ресторан. Цариникот, користел два денови одмор и еден слободен ден во периодот кога прстојувал во Унгарија со Груевски, тврдат извори од Царинската управа за „Макфакс“ и додаваат дека во моментов тој доаѓа на работа.

Директорот на Царинска управа, Ѓоко Танаскоски, кажа дека не може да ги спречи неговите вработени да си патуваат, а за посетата на двајца службеници во Будимпешта се врши истрага.

„Против второто лице кое беше во Будимпешта, се водат и други истраги“, посочи директорот .

„Ние може да побараме од другите служби кои постапуваат да проверат дали има кршење на условите“, додаде тој, посочувајќи дека првиот царински службеник кој беше да го посети Груевски во Будимпешта, Александар Трајковски, исто така доаѓа на работа, а истрагата за него е во тек.  Од Царинската управа посочуваат дека  досега немало дисциплински потапки против овие двајца вработени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2018 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега