Јане Ченто нема да достави барање за амнестија

Јане Ченто, обвинет за настаните на 27. април, се изјаснил дека нема да достави барање за амнестија согласно Законот кој беше усвоен во Собрание. Денеска истекува рокот за поднесување на барања, а до сега вкупно 42 обвинети побарале амнестија.

Ченто претходно на рочиште соопшти пред судот дека нема да бара амнестија.

 

-Почитуван Судски совет, лично јас, сакам вие, а не политичките елити, да ни судат. Во завршна фаза сме. Цела македонска јавност, а најмногу вие сакате да се дознае вистината за 27 април и да има правда. Јас нема да поднесам барање за амнестија, вие пресудете ни, а не политичките елити да кажуваат дали сум виновен или не. Точно е дека влеговме во Собранието со понесени емоции, но поентата е дека секој мора да ги сноси последиците. Исклучиво вие и никој друг имате право да ни судите. Само сакам да знаете дека имам целосна доверба во вас, време е да им покажеме на сите дека ние сме правна држава и дека судската власт е самостојна – рече Ченто обраќајки и се на судијката, Добирала Кацарска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2018 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега