Несогласувања и кавги - прекината седницата на општина Гостивар

Седницата на општина Гостивар на која беше и точката за буџетот за 2019 година е прекината и презакажана за во петок. Несогласувањата помеѓу членовите на советот околу средствата со кои ќе раководи градоначалникот и за времени вработувања беа главната причина за одложување на седницата.

Советниците кои припаѓаат на мнозинството предводено од ДУИ бараа да се прекрои буџетот и да има пренамена на средства. Во дискусиите беше напоменато дека градоначалникот може да користи околу два милиони денари, наместо проектираните седум, а за времените вработување ќе мора прецизно да се наведат за каде се предвидени.

Градоначалникот Арбен Таравари во обраќањето нагласи дека износот од 13,5 милиони денари е речиси истата сума која претходната локална власт ја трошела за привремени вработувања.

Престедателот на советот Насир Муслиу напомена дека во предлог буџетот е изоставена развојна компонента. Тој напомена дека со овој буџет нема ниту еден проект од програмата за развој која советот ја одобрил. Тој, по паузата заклучи дека во дискусиите имало голем број на предлози и за време на координацијата решено е седницата да продолжи на 28 декември.

Со неизгласувањето на буџетот минатата година настанаа проблеми со исплатата на плати во образовните институции и општинската администрација, јавните претпријатија и училиштата. Пред крајниот рок, советниците го одбрија буџетот кој претрпе извесни корекции и се избегна самораспуштање на советот и распишување на нови локални избори за општина Гостивар.

Градоначалникот кој доаѓа од редовите на Алијансата за Албанците ја нема мнозинската поддршка во советот.

Буџетот кој општинската администрација го проектира за 2019 година надминува 17 милиони евара што е за 4,2 проценти поголем од ланскиот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2018 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега