Град Скопје: Немало никој во шаторите на „Македонија блокира“, третирани се како отпад

Утринава, отстранети беа шаторите на „Македонија блокира“ од Жена парк пред Собранието, а екипи на Комунална хигиена ги чистеа остатоците. Наредба за остранување на шаторите издал Град Скопје, а оттаму информираат дека шаторите се отстранети затоа што биле поставени илегално и дека она што е подигнато е третирано како отпад.

-Никој немал побарано дозвола за собир и поставување на шатори, а седеа таму со месеци илегално. Кога екипите отишле синоќа да ги тргнат, во шаторите немало никој, значи не се работело за камп. Она што е најдено е подигнато и е третирано како отпад – велат од Градот.

 

Претходно од „Единствена Македонија“ изјавија дека кампот уредно го пријавиле во полиција со известување дека ќе кампуваат во паркот „Жена борец“ до крајот на месецов. Од Град Скопје велат дека тоа не е точно. Проверките во МВР покажуваат дека кампот бил пријавен на 5 септември и само за еден ден.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2018 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега