Судот одби: Нема да се проверат мобилните и Фејсбукот на обвинетите за Саздо

Со изведување на материјални докази предложени од Обвинителството денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за убиството на младиот Никола Саздовски.

На денешното рочиште обвинителството ги презентираше материјалните докази меѓу кои беа и психијатриско вештачење за обвинетите Демири и Беља, извештај од обдукцијата, извештај од анализи на МВР од Крим-техника, вештачење од автомобилот со кој обвинетите пристигнале на местото каде што бил претепан Саздовски и вештачење од Институтот за судска медицина. 

Адвокатот на оштетеното семејство Ванчо Шехтански од судот побара да испрати наредба за вештачење на компјутерскиот уред на починатиот Никола Саздовски, на неговиот Фејсбик профил, како и на мобилните телефони и на починатиот и на обвинетите. Барањето судот го оцени како неосновано, пренесе МКД.МК.

Следното судење е на 21. јануари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2018 - 17:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега