Домот ќе замириса на „Божиќ" - брзи ситни колачиња за малку пари

Божиќните празници ни се пред праг. Наскоро започнуваат подготовките на традиционални јадења како сарма, салати, специјалитети од месо, но и вкусни колачиња.

Воодушевете ги сите со овој сладок рецепт:

 

  • 4 јајца
  • малку ванила арома
  • 200 гр кокос
  • 100 гр шеќер
  • 2-3 реда темно чоколадо

 

  1. Пенасто се матат жолчките со шеќер и ванила.
  2. Во смесата се додава и кокос, па се прави снег од белките настрана по што и тој се додава внатре.
  3. Со лажица или шприц се прават мали топчиња и се ставаат на хартија за печење. Можете да ги обликувате и во разни форми на модли.
  4. Се печат на 150 степени околу 20 минути.
  5. Се топи чоколадото и се става на дното на сад, па на него се ставаат колачињата.

 

Извор: Готви.мк

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2018 - 18:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега