Кацарска: Не давам отпор, ако одлучувам за амнестија навлегувам во надлежност на кривичен совет

Во кривичниот суд не се знае кој ќе одлучува за амнестијата за големиот судски процес за „крвавиот четврток“.

Според Џоелв за предметот „27 април“, треба да одлучува судечкиот совет, односно судијката Добрила Кацарска, а не кривичниот совет, кој ќе решава за предметите за кои има првостепена пресуда, а кацарска го коментираше ова за 1Тв.

- „Јас не давам отпор за работа и во мојата 32 годишна судиска кариера сум се докажала како судија којшто работи исклучиво по закон. Во конкретниот случај, повторно, само ги почитувам законите. Значи, ништо помалку и ништо повеќе од тоа. Впрочем за тоа и земам плата од даночните обврзници на Република Македонија, да ги почитувам законите, да судам согласно законите. Во конкретниот случај, одлуките за амнестија се носат надвор од главна расправа. Што значи доколку јас одлучувам, навлегувам во надлежност на кривичен совет и токму тогаш работам спротивно на закон“, вели судијката Добрила Кацарска во телефонски разговор за 1ТВ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2018 - 19:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега