Заев: Точно е дека амнестијата ја правиме и за процесот на уставни измени

Премиерот Зоран Заев во вечрашното гостување во емисијата „24 Отворено“ рече дека е точно дека Законот за амнестија е донесен и со цел за да успее процесот на уставните измени.

-Очекувам дека за овие одлуки јас ќе ја платам политичката цена. Под политичка цена мислам на избори. Граѓаните кажуваат и оценуваат на избори. Да, точно е дека амнестијата ја правиме и за процесот на уставните измени. Од Мицкоски имаме неодговорен однос, зарем не треба да се носат одговорни одлуки. Со профилот на законот се амнестираат пратениците и уметниците. Дурловски, влезе и ја пееше химната. Тој треба да се суди на 20 години затвор? Но, законот е и за да се постигне помирување, рече Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2018 - 21:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега