На Заев му се сигурни само 76 пратеници за уставни измени

Премиерот Зоран Заев сѐ уште не е сигурен дека ќе има двотретинско мнозинство за изгласување на уставните измени, а во моментов има 76 пратеници.

Во емисијата „24 отворено” потврди дека има 76 гласови, но рече дека се надева оти за уставните измени може да има и повеќе од 80 гласови. 

- „Очекувам дека за овие одлуки јас ќе ја платам политичката цена. Под политичка цена мислам на избори. Граѓаните кажуваат и оценуваат на избори. Да, точно е дека амнестијата ја правиме и за процесот на уставните измени. Со профилот на законот се амнестираат пратениците и уметниците. Дурловски, влезе и ја пееше химната. Тој треба да се суди на 20 години затвор? Но, законот е и за да се постигне помирување”, рече Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2018 - 22:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега