Ако опозицијата бојкотира претседателски избори Владата ќе предложи претседател да се бира во Собрание

Ако опозицијата бојкотира претседателски избори, Владата ќе предложи претседател да се бира во Собранието.

Владата размислува да предложи измени на Уставот и избор на претседател во Собранието ако ВМРО-ДПМНЕ ги бојкотира претседателските избори, велат високи владини извори.

Цензусот за избор на претседател е 40 отсто, односно излезност од најмалку 720.000 гласачи.

Засега опозицијата нема најавено бојкот на изборите кои треба да се одржат напролет.

Извори од Владата велат дека постојат гласини дека опозицијата се подготвува за бојкот.

На референдумот на кој опозицијата не повика на гласање, не беше достигнат цензусот од 50 проценти односно на гласање излегоа повеќе од 36 отсто од гласачите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2018 - 23:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега