Владата има поддршка од 76 пратеници за уставни измени

Владата има поддршка од 76 пратеници за промени за уставни измени, тврдат владини извори.

Четири од пратениците кои гласале во првата фаза сеуште не потврдиле дека ќе дадат поддршка и во последната фаза од гласањето.

Според владини извори, дел бараат домашен притвор за дел од приведените во изминатиот месец меѓу кои е и екс-шефот на УБК, Сашо Мијалков.

Дел пак биле разочарани од изгласувањето на Законот за амнестија, тврди висок владин извор.

Во првиот дел се работи за пратеници од осумтемина опозициски кои дадоа поддршка на амандманите. Во вториот дел се работи за пратеници од коалицијата на СДСМ.

Сепак, извори тврдат дека премиерот е оптимист за обезбедување двотретинско мнозинство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2018 - 23:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега