Десковска: Одлуката на Унгарија да не го екстрадира Груевски е политичка

Министерката Рената Десковска вечерва на 1ТВ рече дека во делот на Министерството за правда направени се сериозни чекори за измена на законската регулатива која треба да овозможи независно и ефикасно судство.

-Наидувам на парадоксални ситуации во комуникацијата со Судскиуот совет и тоа ми покажува дека имаат отпор да се вклучат во реформите. Ако ние сме зацртале согласно стратегијата за реформи, согласно законите дека Судскиот совет треба да формира Информатичко аналитички центар во своите редови и ако наидувате на без смислени аргументи на претседателот на Судскиот совет и на некој начин создавање на алиби ситуации зошто да не се формира тој совет, си поставувам знак прашалник дали некој намерно ги кочи реформите, ние да не добиеме позитивна оценка дека ние навистина не сме го постигнале тоа што треба, истакна Дескоска.

За екстрадиција на Груевски Дескоска вели дека не се во прашање правни аргументи, туку некои политички проценки.

-Ако се одлучува по право требаше да ни го дадат уште на првото барање, но аргументите и причните на носење на одлуките на странските власти се политички. Ние немаме начин како да влијаеме и да предизвикаме поинакво нивно однесување, рече Дескоска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2018 - 23:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега