Сефери ќе не чини 1.500 денари од рочиште: Не ми пречи што го бранам Груевски

Мехмет Сефери вчера беше одбран да го брани поранешниот македонски премиер Никола Груевски кој е во бегство во Будимпешта.

Сефери вели дека не му пречи одлуката на судот: - Започнав со работа, но многу малку сум информиран за случајот. Побарав од судот да ми ги достави потребните материјали и веднаш ќе ги разгледам. Засега како документ ја имам одлуката на судот изборот да падне на мене и немам никаков контакт со Никола Груевски, вели тој за Тв21.

За секое рочиште ќе добива по 1.500 денари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.12.2018 - 08:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега