Спасовски до Милошоски: И за вашиот татко требаше време да се утврди дека ја купил општинската зграда во Пласница

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одговарајќи на пратеничко прашање во врска со прислушувањето во Основното јавно обвинителство рече дека телефонската централа во Обвинителството е набавена во 2012 година и оти имала можност за снимање на разговорите.

На прашањето од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски кој прислушувал и кој ги користел материјалите, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одговори дека не се работи за прислушување на Јавното обвинителство или судот.

„Ова е можност при набавка на телефонските централи кои интерно се користат. Јас ги информирав Јавниот обвинител и претседателот на Кривичниот суд во април и им укажав дека постои можност за снимање на нивните локални телефони. Централата е набавена во 2012 година и таквите разговори можеле да бидат снимани со одобрение на тој што раководи. Отворена е истрагата. ЈО кажа дека има два хард диска. Зошто по шест месеци Јавниот обвинител ова го соопшти, него ќе го прашате, но веројатно имал потреба од рок да утврди дали е тоа така. За секоја постапка, како и за онаа со купување на општинската зграда во Пласница, требаше време да утврдиме дека тоа е од вашиот татко“, одговори министерот Спасовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2018 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа