Ѓорѓиевски: Спасовски ги шиканира вработените во МВР поради нивните синдикални активности

Министерот за прогон и тортура Оливер Спасовски ги шиканира вработените во МВР поради нивните синдикални активности. Долгогодишни вработени во МВР со големо искуство и заслуги се преместуваат без причина и реална основа, само затоа што имаат храброст да бидат членови на синдикат во време на владеење на СДСМ, обвинува Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Шиканирање на луѓе само затоа што се членови на синдикат е одраз на едно мрачно време кое мислевме дека сме го оставиле зад нас. Но очигледно со СДСМ сагата за професионалците допрва почнува. Ова е црното време за сите професионалци, кое мора час поскоро да заврши.

Помошникот генерален секретар на полицискиот синдикат кој што е врвен полицаец, правник по професија, со положен правосуден испит, неколкукратно наградуван од министерот за неговата служба на 24 декември, два дена откако е назначен за помошник на генералниот секретар на Независниот синдикат на полицијата, со решение е прераспределен од полициската станица Аеродром во полициската станица Блаце“, вели Ѓорѓиевски.

Тој постави прашање за Спасовски дали ова е професионалноста која ја ветуваше? Ова господине Спасовски е се само професионалност не, МВР под ваша управа го прогонува секој еден професионалец и ги фаворизира единствено партиски подобните за вас., вели Ѓорѓиевски

„Примери за прераспределби на професионалци, за на нивно место да бидат поставени подобни кадри на Оливер Спасовски се случуваат насекаде низ нашата држава.

Заради ваквите политички притисоци полицијата е крајно демотивирана, реализацијата е на катастрофално ниско ниво, а граѓаните ни се понебезбедни. Убиствата, разбојништвата и нападите остануваат и понатаму нерасчистени, така што сериозно е отворен сомнеж дека раководството на МВР го прави сето ова се со цел за заштита и коалиција со криминалот.

ВМРО-ДПМНЕ апелира ваквото шиканирање врз чесните и работливи професионалци во МВР веднаш да запре. Никој, буквално никој па ни Оливер Спасовски и Зоран Заев не смеат да се изживуваат со луѓето кои 24/7 се на располагање за нашата татковина. Понижувачкиот однос на СДСМ кон професионалните кадри во безбедносните служби мора да запре. Одговорност за ваквиот однос и за секое незаконско работење на поединци, кои се изживувале со професионалците ќе има и мора да има.

ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува сите професионалци во МВР да издржат и да не подлегнуваат на притисоците, доаѓа време, почитувани кога ќе биде вратена демократијата и правната држава во Република Македонија и за секое едно прекршување на законите прекршителите ќе одговараат“, кажа Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција за медиуми.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2018 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега