Ѓорчев со предавање во Струмица: Собранието е клучно за демократијата, мора да ги задржиме младите

Пратеникот Влатко Ѓорчев одржа предавање и одговараше на прашањата на студентите од универзитетскиот кампус во Струмица.

Темата на предавањето беше улогата на Собранието во демократскиот систем.

Ѓорчев се осврна на функционирањето на Собранието на Република Македонија, со особен осврт на работата на собраниските комисии.

На крајот, Ѓорчев им посака среќна и успешна 2019 година, додавајќи дека државата мора да вложи големи напори за да ги задржи младите во Македонија.

Претходно пратеникот Ѓорчев одржа вакви трибини на Универзитетот во Штип заедно со екс пратеничката на СДСМ Билјана Казанџиска и на Филозофскиот факултет во Скопје со пратеникот Костадин Костадинов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.12.2018 - 07:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега