ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лаже, не работи на гасификација на државата

СДСМ и натаму еклатантно ја лаже и манипулира јавноста во Македонија. СДСМ не работи на гасификација на државата, СДСМ со последниот ребаланс на буџетот најмногу скрати токму од проектот за гасификација на Македонија. Дека власта предводена од аболицираниот Заев не работи на проектот за гасификација укажува и катастрофалната реализација на капиталните инвестиции од 46,8 проценти, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека одродената и криминална власт не ја интересира здравјето на граѓаните, не ја интереси фактот што илјадници македонски граѓани секоја година се директна жртва на аерозагадувањето, а власта не е способна да го реши овој на горчлив проблем, граѓаните се директна жртва на неспособноста на власта.

Животите на македонските граѓаните за власта се помалку вредни од личниот бенефит на партиските пајташи. За да добијат фотелја партиските потрчковци, СДСМ воведува законски измени и воведува заменици директори во сите јавни претпријатија, хир кој ќе ја чини државата неверојатни 2 милиони евра, додека за борба со загадувањето владата одвојува скандалозни 1,6 милиони евра. Црнила буквално надвиснаа над Македонија. Црнилата се за сите оние кои изгубиле свој близок како резултат на загадениот воздух. Зората ќе дојде зората ќе ги однесе црнилата, зората е народот кој ќе го казни Заев на следните парламентарни избори. Зората ќе го однесе Заев во долгоочекуваната политичка пензија, се потенцира во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.12.2018 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега