Костадинов: Пратениците довикуваа, бидејќи говорот на Иванов беше полн со лаги и невистини

Добрата вест е што претседателот Ѓорге Иванов си заминува, бидејќи тој е последен остаток од режимот на Никола Груевски, изјави пратеникот на СДСМ, Коста Костадинов.

„Иванов десет години беше марионета на режимската ВМРО-ДПМНЕ и во тој период не излегол во јавноста за да се обрати за клучни прашања како што се – гушењето на демократијата, затварањето на медиумите и кршењето на човековите права. Со противењето на Договорот од Преспа тој е против ЕУ и НАТО и јасно ја покажува неговата улога на антизападен политичар”, рече Костадинов.

Тој вели дека пратениците бурно реагирале и довикувале за време на говорот на претседателот, бидејќи бил полн со лаги и со невистини, ги навредил пратениците и демократскиот дом и ги потценил граѓаните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.12.2018 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега