МЗТ и Работнички вечерва ќе ги одмерат силите

Во кошаркарската Суперлига вечер се играат натпреварите од 9.коло кое го донесува „вечното дерби“ МЗТ Скопје Аеродром – Работнички.

 Шампионот МЗТ Скопје веќе има една победа против тимот од „Градски парк“ и со евентуален повторен успех ќе си обезбеди почетна предност во победи доколку овие екипи се сретнат во плеј-офот.
 
Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Работничи ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 19 часот.
 
Во истиот термин започнуваат и останатите две средби од оваа рунда. Двојките се: Фени Индустри – Кожув и Куманово – Лирија.
 
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 7-1 (победи-порази), Кожув 6-2, Работнички 5-3, Фени Индустри 3-5, Куманово 2-6 и Лирија 1-7.

најчитано сега