Полицијата прави парче пред Нова Година: Охриѓанец фатен со 13.000 петарди

Охридската полиција пронашла и одзела 13.000 парчиња пиротехнички средства од 44-годишниот И.Ш. од Охрид.

СВР Охрид денеска соопшти дека пиротехниката е најдена при претрес во домот на И.Ш.на улицата „Гоце Делчев“, а потоа и во неговата продавница за обувки лоцирана во Градскиот пазар во Охрид.

По целосно документирање на настанот, СВР Охрид против И.Ш. ќе поднесе соодветна пријава. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.12.2018 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега