Ќосето се жали дека не е амнестиран

 

Обвинетиот за крвавиот четврток, Горанчо Ангеловсаки Ќосето, преку неговиот адвокат Драган Пешевски поднел жалба до Апелацискиот суд во Скопје на одлуката на кривичниот суд дека не е опфатен со амнестијата, потврди неговата одбрана за „Макфакс“.

Петмина обвинети за настаните од 27 април одлучија да не бараат амнестија: Ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, дежурниот во оперативниот штаб на МВР, Душко Лазаров, певецот Игор Дурловски, претседателот на македонското патриотско здружение „Пере Тошев“, Јане Ченто и Игор Југ. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.12.2018 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега