Ловџија итно донесен на скопските Клиники

Околу 10,00 часот во Полициска станица Крива Паланка, од здравствен дом Крива Паланка, било пријавено дека бил донесен 57-годишниот М.Р. со телесни повреди нанесени од сачми, кој по укажана лекарска помош бил пренесен во Ургентен центар – Скопје. 

По преземени мерки, било утврдено дека во село Баратлија на место викано „Чешмиче“, при лов на дивеч, Е.Ј.(33) од село Псача, со неколку сачми од ловна пушка, го погодил М.Р.

Од страна на полициски службеници, од Е.Ј. била одземена ловна пушка „Балкал МП155“ калибар 12х76 мм, кој истиот ја поседувал со дозвола.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.12.2018 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега