Беснееле пожари во Скопје за новогодишната ноќ - пожарникарите имале 8 интервенции

Осум пожари се регистрирани на територијата на Град Скопје за време на новогодишната ноќ. Како што велат за МИА од Територијалната противпожарна единица, дежурните екипи интревенирале од 19 часот вчера до седум утрово.

Повредени нема, причинета е само материјална штета.

-Пожари предизвикани од запалени контејнери имаше на „Партизанска“ во Општина Карпош, како и на улиците „4 Јули“ во Ѓорче Петров, на „Вуковарска“ во Чаир и на „Јани Лукровски“ во Автокоманда, на улицата „Марко Орешковиќ“ во Кисела Вода регистриран беше пожар предизвикан од оџак, поради електрична бандера се интервенираше и во село Глумово, Општина Сарај, а од сува трева гореше и на „Радишанска“ во Општина Бутел, информира Територијалната противпожарна единица.

Штетата од изгорените контејнери се проценува на околу 60.000 денари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.01.2019 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега