Снег на првиот ден од новата година - каде е најстудено утринава
Првиот ден од новата 2019 година е најстуден во Берово каде се измерени минус шест степени, а максимални три степени е во Скопје и Гевгелија.
Според УХМР, -4 е во Струмица и Крушево, -3 во Лазарополе и Демир Капија, -2 во Скопје (Петровец) и Ѓуриште, -1 во Штип, нула во Крива Паланка, Охрид, Претор и Дебар, еден степен во Битола и Прилеп, како и два во Тетово, Куманово и Дојран.
Висината на снежната покривка до седум часот е 13 сантиметри на Попова Шапка, девет во Маврово и Крушево, како и пет во Лазарополе.
Во текот на денот ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен северен ветер. Температурата ќе биде во интервал од еден до 7 степени.
Во Скопје слично време со температура до пет степени.
Под влијание на студен и влажен бран од утре попладне и во наредните денови времето ќе биде променливо облачно и многу студено со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, особено на планините (над 40 сантиметри). Заради ниските температури ќе има појава на голомразица, а засилениот ветер на местаќе предизвика снежни наноси.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа