Тешка сообраќајка на патот Куманово- Крива Паланка, со автомобил удрил во паркиран камион

Тешка сообраќајка во текот на вчерашниот ден, каде едно лице заврши на скопските клиники со тешки повредеи.

Вчера во 12,00 часот било пријавено дека во Крива Паланка, на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, патничко моторно возило „Опел корса“ со кратовски регистерски таблици, управувано од 45- годишниот Е.Г од Крива Паланка, удрило во паркирано товарно моторно возило „Ивеко“ со бугарски национални ознаки, паркирано од 52- годишниот З.Р од село Петралница-Ранковце.

Во незгодата Е.Г. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Здравствениот дом “Крива Паланка“, а потоа во комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка. Се работи на целосно расчистување на случајот.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.01.2019 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега