Бучковски: Законот за амнестија ќе му пресуди на Заев
Зоран Заев ќе плати голема политичка цена за Законот за амнестија, кажа поранешниот премиер од редовите на СДСМ, Владо Бучковски, во вестите на Канал 5.
Според Бучковски законот со кој пред Нова година им овозможи ослободување од обвиненијата на петнаесетмина учесници во настаните од 27 април, ќе му пресуди на Заев.
Според професорот на Правниот факултет во Скопје, сега било поважно да се смени Уставот отколку да се почитува владеењето на правото.
-Како политичар кој надвор гради добар имиџ на државата, тој е свесен дека ќе плати политичка цена, но тоа е единствен начин да обезбеди плус три пратеници за уставните измени. Овој исход секако води пред принципите на владеење на правото, рече Бучковски на Канал 5.
Експремиерот рече дека во редовни ситуации ваквата законска амнестија бара подетална анализа и многу дебати на правни експерти, но вонредната ситуација барала побрзо делување во кое се прават и грешки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа