СДСМ: Нови мерки за помали трошоци и повеќе пари кај граѓаните во 2019

 

Во досегашниот период, Владата предводена од СДСМ преку низа спроведени мерки позитивно влијаеше врз намалувањето на трошоците и обезбедување повеќе пари во секое домаќинство, се вели во соопштението на сдсм.

„Намалувањето на трошоците започна со воведувањето на евтината тарифа на струјата, со која граѓаните на годишно ниво заштедуваат над 11 милиони евра, како и укинувањето на радиодифузната такса којашто на годишно ниво на граѓаните им заштедува околу 12 милиони денари. Мерките за намалување на трошоците на граѓаните продолжуваат. Усвоен е Законот за отпис на камати на долгови којшто ќе ги намали троошоците на заостанатите сметки за струја, вода, телефонија и интернет  и ќе го олесни животот на граѓаните, особено оние од ранливите категории. Се намалуваат трошоците за нотарските и услугите на извршителите за 50 отсто до 90 отсто, а со новите тарифници, ќе бидат укинати дури 16 ставки коишто порано се наплаќаа“, велат од владејачката партија.

Од СДСМ посочуваат дека се става крај на драконското казнување, се воведува опомена пред казна и правична казнена политика.

„Казните се намалуваат и до 75 отсто, се воведува опомена пред казнување, глобите ќе се одредуваат пропорционално на прекршокот, а за првпат се воведува и градација помеѓу малите, средни и големи претпријаија. Со тоа, се постигнува целта  казната да не го отежнува животот на граѓаните и компаниите, туку казните пред се да имаат превентивна и корективна улога. И во годината што доаѓа, Владата предводена од СДСМ продолжува посветено да ги спроведува мерките што обезбедуваат намалени трошоци за живот, повеќе пари во семејствата и повисок животен стандард за сите граѓаните“', пишува во соопштението на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.01.2019 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега