Почина проф.д-р Никола Бошале, човекот кој го викаа Најохриѓанец од сите охриѓани

Почина проф.д-р Никола Бошале, еминентниот познавач на Охрид, негов хроничар и неуморен промотор, проф.д-р Никола Бошале во 2017 год беше добитник на највисокото општинско признание, Патрон на градот “Свети Климент Охридски“.

Проф. Др. Никола Бошале е роден на 27 август 1929 година, по образование е д-р по социологија, но со неговите истражувачки потфати навлегува длабоко и во повеќе сфери и области како: туризам, екологија, археологија, етнологија, архитектура, културна антропологија, проширувајќи ги своите сознанија и изработувајќи покомплексни анализи. Иако живееше на релација Охрид – Скопје, Охрид е неговата вечна инспирација, секогаш возвеличувајќи ги неговите природни и културни богатства. Во своите дела тој се посветуваше на значењето на Св. Климент Охридски, на Античкиот театар, Плаошник, традиционалната архитектура, на Езерото и традиционалниот риболов, на охридските чалгии, охридската резба и нејзиниот последен патрик Димче Јанко, на градскиот стил и менталитет на живеење. Го обработуваше народното усно творештво, фолклорот, ликовното и литературното творештво поврзано со Охрид.

Неговата трудољубивост и дарба да ги забележува и анализира сите појави и промени, а секогаш воден од исконската љубов и грижа за Охрид го чини во вистинска смисла Најохриѓанец од сите охриѓани. Тој е во моментот најдобриот познавач и хроничар на живот во Охрид. Неговите дела се убава промоција и популаризација на охридските непресушни ризници. Творештвото на д-р- Никола Бошале треба да биде задолжителна лектира за секој охриѓанец за да добие или ги прошири своите сознанија за материјалното и духовно наследство на Охрид и ќе извлече големи поуки за сите вистински вредности на Охрид што треба грижливо да се чуваат и негуваат.

Книгите на Бошале може да ги поделиме на 2 дела: охридски и неохридски. Никола Бошале повеќе од половината книги ги има посветено на Охрид. Придавката охридски е во голем дел од насловите на книгите: охридски Климент, охридски флоридус, па охридската визита, охридските трубадури и охридски длаборез и уште античкиот театар во Охрид и милоста кон Езерото (секако Охридско). Би рекле најголемиот дел од трудовите им ги посветил на родниот град како ниту еден друг научник, писател или историчар. Иако најголемиот дел од животот го минал надвор од Охрид, тој секогаш својот град го носеше во себе.

Извор: skopje1.mk

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.01.2019 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега