Исчезнаа две лица: Скопјанец си ја бара сопругата, татко својата 18- годишна ќерка

За два дена исчезнати две лица, скопјанец си ја бара сопругата, а татко ќерка си.

 М.Ц.(41) од Скопје вчера во 20 часот и 15 минути пријавил дека неговата сопруга Б.Ц, околу 15,00 часот го напуштила домот и не се вратила.

Претходниот ден пак, на 01.01 во 20,00 часот во Полициското одделение Галате 44- годишниот Е.К  од село Калиште пријавил дека истиот ден околу 18,30 часот од домот во непознат правец се оддалечила неговата ќерка 18- годишната Н.К.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.01.2019 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега