Сообраќајка кај Демир Капија, две деца завршија во болница

Две деца на возраст од една и пет години се на иследување во кавадаречката Општа болница по сообраќајката кај Демир Капија кога патничко моторно возило удрило во товарно возило на Македонија пат кое растурало сол на авотпатот Гевгелија-Скопје.

Информацијата дека децаа се во болница за МИА ја потврди Благој Митев, хирург од Хируршкото одделение во болницата.

– Во моментов децата се на иследување. Направени се ренген снимки, тие се свесни и контактибилни, не се нервозни, но сепак да бидеме начисто околу тоа дали има некоја повреда ќе ги исконтролираме уште некое време па ќе одлучиме што понатаму – рече Митев.

Сообраќајната незгода се случи вчера вечер по 20 часот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.01.2019 - 08:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега