Манифестацијата „Денови на македонскиот мед“ по деветти пат во Скопје

Од денеска па се до сабота на улицата Македонија ќе се одржи деветото издание на „Денови на македонскиот мед“ на кое производители од цела Македонија ќе ги претстават своите производи.

Посетителите ќе можат да дегустираат и да купат  пчелни производи кои ќе бидат поставени на 30 штандови. 

Денеска официјално манифестацијата ја отвори заменик-министерот за земјоделстсво, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски кој истакна дека поддршката за пчеларите ќе продолжи и понатаму, како и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски кој им порача на присутните да го вкусат прекрасниот мед и дел од овој корисен и здрав производ да си понесат и дома.

Организатори на манифестацијата се здружението „Матица“ и Федерацијата на фармери на Република Македонија, а покровител на манифестацијата е Општина Центар.

 

 

26.09.2013 - 13:43

најчитано сега