СДСМ: Мицкоски, како и неговиот ментор Груевски сака да ги дели граѓаните

Христијан Мицкоски ги продолжува политиките на поделби што ги промовираше неговиот ментор Никола Груевски. Криминалецот Груевски со години ги делеше граѓаните на патриоти и предавници. Денес неговиот пион Мицкоски граѓаните ги дели на лојални и нелојални, обвинуваат од СДСМ во денешното соопштение до јавноста.

„Очигледно Мицкоски сака да се става во улога на судија кој ќе одлучува кој е лојален а кој е нелојален граѓанин. На граѓаните им е доста од партиски суд кој ги делеше и етикетирше цели 11 години. Македонија ги победи поделбите и омразата и реши да се гради како едно општество за сите. На пролет, граѓаните уште еднаш ќе го поразат концептот на поделби што го следи антинародниот Мицкоски. Граѓаните ќе изберат претседател кој ќе ги застапува нивните интереси и кој ќе ја поведе државата во светла иднина во ЕУ и НАТО“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.01.2019 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа