Ѓорчев во Радовиш: Никогаш нема да се откажеме од Македонија, имаме право да се бориме за нашите правдини

Пратеникот Влатко Ѓорчев гостуваше на локалната ТВ Кобра во Радовиш. Ѓорчев констатираше дека власта на Зоран Заев донесе долгорочни штети на Македонија, а тие штети се зголемуваат секој ден.

Ѓорчев истакна дека огромното мнозинство на граѓани не ги поддржува политиките на оваа власт, ниту во политичкиот, ниту во економскиот дел.

Ѓорчев додаде дека граѓаните на Радовиш преку своите гласања и не гласања апсолутно не дале легитимитет на владините политики, исто како мнозинството граѓани на државно ниво.

Во економскиот дел, Ѓорчев констатираше дека се случува економска стагнација, која засилено се ‘ чувствува во стопанството. Во тој дел, ВМРО-ДПМНЕ ја подготвува програмата која ќе ја понуди пред граѓаните, а која ќе ја реализира новата влада на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски.

Иселувањето се засилува до невидени размери во македонската историја поради економскиот дебакл на владата на Заев и тоа е меѓу најголемите штети, со долгорочни последици врз целата држава и огромен број на општини.

Ѓорчев истакна дека како народ никогаш нема да се откажеме од Македонија и дека имаме право да се бориме за нашите права и правдини.

Воедно, пратеникот Ѓорчев присуствуваше на новогодишниот прием на ОК Радовиш каде што имаше можност да се сретне и разговара со членството и граѓаните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.01.2019 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега