Вработена во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги нападната со нож

Вработен во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, денеска на работното место со нож нападнал колешка, пишува Нетпрес.

Од МВР, за „Нетпрес“ го потврдија случајот.

- Во 14 часот и 48 минути Ш.Т. пријавила дека во канцеларија на улицата „Македонија“ на Агенција за аудио и аудиовизуелни услуги нејзиниот колега Н. З. почнал вербално да и се заканува, а потоа и се заканувал и со нож. Полициски службеници излегле на местото на настанот. По целосно документирање на случајот против Н.З. ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.01.2019 - 21:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега