СДСМ: Мицкоски се сведе на портпарол на Бачев, додека им слугува на неговите шефови против НАТО и ЕУ

Христијан Мицкоски не само што му се приклучи туку и самиот се сведе на портапол на Јанко Банчев, додека им слугува на неговите антизападни шефови против НАТО и ЕУ, реагира СДСМ на говорот на Мицкоски на протестот пред Собранието, во кој, меѓу другото, го обвини Заев дека го продава името како на тезга на пазар.

„Ова е ново дефинирање на антизападниот Мицкоски откако јасно се позиционираше против државните интереси, против напредокот, против членството на Македонија во НАТО и ЕУ. Од темната страна се деструктивците од минатото, Мицкоски, Бачев и антизападното раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат Македонија да биде блокирана, заглавена, да нема иднината, да не биде дел од НАТО и ЕУ. Од другата страна се граѓаните и нивните интереси за подобар живот, СДСМ, коалицијата, парламентарното мнозинство и прогресивните сили кои сакааат Македонија да оди напред, да биде членка на ЕУ и НАТО“, велат од СДСМ.

Антизападниот пион Христијан Мицкоски, додаваат од таму, денеска конечно призна дека ќе стори се Македонија да не влезе во НАТО и ЕУ.

„Ама граѓаните се поголеми од него, од неговата омраза, од неговите поделби, од неговите црнила. Македонија е далеку поголема од антизападните маргиналци како Мицкоски, Бачев и раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Македонија ќе продолжи да оди напред, Македонија ќе биде членка на ЕУ и НАТО колку и тоа да не му се допаѓа на портпаролот Христијан Мицкоски“, велат од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2019 - 18:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега