СДСМ: Се јави антизападниот агент Груевски, им напиша команди на неговите пиони Мицкоски и Бачев

Се јави антизападниот агент Никола Груевски, им напиша команди на неговите пиони, Мицкоски и Бачев против Македонија, реагираат од СДСМ по Фејсбук објавата на Никола Груевски.

„Кукавицата Никола Груевски, шефот на Мицкоски, Бачев и Иванов, дели наредби по социјалните мрежи, во очајни обиди да направи некаква штета на напредокот на земјата, на приближувањето кон ЕУ и НАТО. Не останаа луѓе што ќе ги слушаат антимакедонските команди на Груевски. Командантот на насилствата и сценариото на 27-ми април бадијала се залажува, за граѓаните тој одамна е завршена приказна, дел од црното, темно минато кого го чека соочување со правдата“, пишува во соопштението на СДСМ.

Од СДСМ велат дека немало поголемо зло што и се случило на Македонија и на сите нејзини граѓани од Никола Груевски и неговото криминално, режимско владеење. Тоа граѓаните многу добро го знаат.

„Македонија е многу посилна отколку што тоа си го замисливаат антизападните Груевски, Мицкоски и Бачев.

Македонија ќе биде членка на ЕУ и НАТО. Македонија оди напред и враќање назад нема!

 

Осудениот криминалец Никола Груевски нема да побегне од правдата. ќе ја одлежи казната за којашто е осуден и за сето зло што и го направи на Македонија“, се вели во реакцијата на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2019 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега