СДСМ: Македонија е поголема од Мицкоски и кукавицата-бегалец Груевски

СДСМ со реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Откако се сведе на портпарол на Јанко Бачев, антизападниот пион Христијан Мицкоски, јавно призна дека ќе стори се Македонија да не влезе во ЕУ и НАТО.

 Занесени во спроведувањето на антизападните и антидржавни наредби од нивниот шеф, кукавицата-бегалец Никола Груевски, Мицкоски и Бачев заборавија колку граѓаните и Македонија се поголеми од нив.   

 

 Граѓаните се поголеми од нивната омраза, од нивната желба за поделби, од нивните црнила.

 

 Македонија е поголема од антизападните маргиналци Мицкоски, Бачев и раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа Никола Груевски многу добро го знае.

 

 Граѓаните ги поразија деструктивните политики на Мицкоски и Груевски, го поразија режимот. Граѓаните не сакаат да се вратат во темното минато туку одбраа светла иднина во ЕУ и НАТО.

 

 Македонија и граѓаните нема да дозволат да бидат блокирани, заглавени. Македонија ќе биде членка на ЕУ и НАТО колку и тоа да не му се допаѓа на портпаролот Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2019 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега