Беса ќе гласа за промена на името

Крилото на Беса чиј претседател е Африм Гаши е за уставни измени. Од таму бараат од медиумите двајцата пратеници од другото крило на Беса, чиј претседател е Билал Касами, а со кои наводно се преговара да гласаат за уставните измени на денешната седница, да ги пишуваат со нивните лични имиња

„Сега, кога е актуелна улогата на пратениците за очекуваните уставни измени, а двајца пратеници, дојдени некогаш од една друга партија во Движењето БЕСА му се спротивставуваат на овој процес, бараме од медиумите да имаат разбирање за овие разлики и секогаш кога треба да информираат за ставот ПРОТИВ на тие пратеници, да ги споменуваат преку нивните лични имиња или преку фракцијата која ја претставуваат.

Притоа, ние уште еднаш потврдуваме дека Движењето БЕСА со своите три пратеници останува силно посветена на усвојување на уставните измени и членството на земјата во НАТО, убедена дека на тој начин се реализира и еден дел од нашата програма, но и еден висок интерес на Албанците во Македонија, кој воедно е и стратешка цел на државата.“ - вели Гаши

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2019 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега