Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за промена на Уставот

 

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Магдалена Манаскова ја демантира информацијата која утрово беше објавена во дел од медиумите кои повикувајќи се на извори од СДСМ објавија дека токму таа ќе го комплетира двотретинското мнозинство.
Манаскова во изјава за медиуми блиски до опозицијата категорично ги отфрлила овие дезинформации.
Таа изјавила дека по ниедна цена нема да гласа за промена на уставното име, коментирајќи дека станува збор за класична дезинформација испратена од кујните на СДСМ.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција ја обвини власта дека се врши притисок врз пратениците од опозицијата за да гласаат за промена на името.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2019 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега