СДСМ: Македонија успеа, Мицкоски, Бачев и Груевски се поразени
Македонија успеа, Мицкоски, Бачев и Груевски се поразени, може да се спремаат за нов пораз на кои било избори. Засекогаш ќе остане запаметено: Мицкоски, Груевски, Бачев и Иванов работеа против граѓаните и против ЕУ и НАТО, но не успеаја, се вели во соопштението на СДСМ по изгласувањето на уставните измени попладнево во Собранието.
„Победи сигурната иднина наспроти темното минато. Победи напредокот наспроти кочењето и блокадите. Победи вистинскиот патриотизам наспроти служењето за туѓи антизападни интереси. Граѓаните се горди на сите пратеници кои го поддржаа членството во НАТО и ЕУ со заштитен и загарантиран македонски идентитет. Кога ќе има избори не зависи од Мицкоски, туку од приоритетите на граѓаните и државата. А портпаролот на Бачев, Христијан Мицкоски, може да се спрема само за нов пораз на кои било избори. Антизападниот Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат поразени токму од граѓаните на следните парламентарни избори, без разлика кога тие ќе се одржат. Граѓаните нема да дозволат нов Иванов,ниту нов Груевски. ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот на Мицкоски и Груевски ќе се соочат со пораз на претседателските избори годинава“, се вели во соопшетнието на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа