СДСМ им честита на граѓаните, се отвора перспектива за сигурна иднина, членството во ЕУ и НАТО е извесно и реално

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија им честита на сите граѓани, со денешното усвојување на уставните измени, се испиша ново, историско поглавје, се заврте нова, светла страница на историјата на нашата татковина, стои во соопштението на СДСМ.

„Се отвори перспектива за сигурна иднина за државата и граѓаните, за остварувањето на врвните стратешки приоритети – членството во ЕУ и НАТО станува реално и извесно. Упатуваме честитки и до сите пратеници кои ја презедоа одговорноста за иднината и водејќи се од интересот на сите граѓани го поддржаа процесот на имплементација на Договорот од Преспа во Собранието, кој финишираше со уставните измени. Македонското општество се издигна над политките на изолација и поделби, идентитетот е загарантиран, а македонската иднина во ЕУ и НАТО е обезбедена. СДСМ е благодарна за поддршката од граѓаните, невладините организации, меѓународните пријатели и сите поддржувачи на интеграцијата на земјава во НАТО и ЕУ“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2019 - 21:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега