ВИДЕО: Српскиот селектор збесна на тајмаут: Баба ми ќе играше подобро од вас

Ракометната селекција на Србија изгуби во денешната пресметка против Бразил во склоп на третото коло од прелиминарната фаза на Мундијалот во Германија и Данска.

Селекторот Ненад Перуничиќ буквално збесна и „експлодираше“ на еден од тајмаутите на 15-тина минути од крајот кога не бираше зборови со кои им се обраќа на своите ракометари. 

„Се додавате во место и на крај му ја давате на 18-годишно момче. А ти, алиби играч, каде си? Зошто пивотот ти стои во средина кога претчува играчот? Тоа е зашто немаш во главата. Срам да ви е! Баба ми можеше да игра подобро од вас“, се дереше Перуничиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2019 - 21:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега