Костадинов: Со непотпишувањето на Указите, Иванов го прекрши Уставот

Став за Законот за јазици, ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе поднесе кривични пријави против Талат Џафери и против директорот на Службен весник?

– Ние го поддржуваме објавувањето на Законот за јазиците и секако Законот за ратификација за конечната спогодба со Грција. Како што знаете, СДСМ заедно со ДУИ го донесоа овој закон, почекавме да видиме дали Ѓорге Иванов ќе се охрабри да ја почитува волјата на мнозинството пратеници и секако со тоа волјата на граѓаните. Знаете дека согласно Уставот, односно член 75 став 3, доколку во второ читање со потребното мнозинство во Собранието се донесе Законот, Ѓорге Иванов е должен да го потпише законот, дополнително во Уставот со членот 52, претседателот на Собранието треба да го објави законот во Службен весник за седум дена, доколку во Собранието во второ читање е донесен со потребното мнозинство, одговори Костадинов.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев повика да не се почитува овој закон, како го коментирате овој повик?

– Треба да ја почитуваме волјата на граѓаните, треба да ги почитуваме правата на граѓаните, Македонија конечно треба да ја изградиме како едно општество за сите. Ние како СДСМ во тоа силно веруваме, затоа што со тоа навистина ставаме крај на поделбите, крај на национализмот и ќе ја градиме Македонија како едно општество за сите, кажа портпаролот на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2019 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа