ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се плаши од граѓаните, затоа не сака предвремени избори

ВМРО-ДПМНЕ со реакција на изјавата на порпаролот на СДСМ Костадин Костадинов. Од опозицијата истакнаа дека СДСМ се плаши од избори бидејќи се плаши од соочување со граѓаните, знаејќи дека со техничка влада нема да може да фалсификуваат и местат тендери.

„СДСМ се плашат од граѓаните кои ги прочитаа и затоа не се одважуваат да го прифатат предизвикот и да излезат на предвремени парламентарни избори. СДСМ знаат дека со техничка влада нема да можат да фалсификуваат и да местат тендери.

СДСМ бега од соочување со граѓаните и сака уште две години власт, злоупотребувајќи го буџетот за богатење на поединци.

Власта не ја почитува волјата на граѓаните и извршува незаконски и неуставни дејствија со објавувањето на законот за двојазичност во Службен весник.

Талат Џафери, директорот на Службен весник и сите останати кои ги прекршија законите ќе одговараат.

Власта ја блокира иднината на Македонија, која со вакви правни преседани, се затрупува во кривични дела секој ден. За да има демократија треба да се почитува правото, затоа што тоа е рамка на успешно функционирање на државата како целина.

Демократијата е единствено остварлива доколку се почитуваат правата на граѓаните, процедурите според кои се носат законите и законското работење на институциите, без тоа СДСМ и Заев можат само да сонуваат дека ќе ја однесат Македонија во ЕУ и НАТО.

Граѓаните не ги заборавија многубројните изјави на Зоран Заев со ветувањата дека на Македонија нема да и се случи двојазичност. Граѓаните на избори ќе знаат да проценат кој навистина ја погазува волјата на мнозинството“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2019 - 16:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега