Јанушев: Законот за јазици е донесен на нелегитимен и противуставен начин

Во „Топ Тема“ на Телма Телевизија, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, истакна дека Законот за јазици е донесен со кршење на Уставот и Законот. Според него, начинот на носење на овој закон е криминален и со кршење на процедурите.

Јанушев потенцираше дека Владата сака да создава право со неправо, односно дека не може да се донесе Закон на неправилен, нелегитимен, незаконски и противуставен начин, а потоа да се бара тоа да се применува како право.

Генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ исто така напомена дека обидот на Владата да престават во јавноста дека се за правна држава, се коси со сите чекори кои што ги превземаа во минатите две години, а истовремено и се обидуваат да ја дефокусираат јавноста дека прават реформи додека суштински реформи нема.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2019 - 20:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега