СДСМ: Мицкоски потврди - Нема програма, се плаши од изборен пораз, ги дели антиевропските вредности на Бачев

Во уште едно слабо, веќе видено издание Мицкоски не кажа ништо ново, ништо значајно или во интерес на граѓаните. Но затоа, портпаролот на Бачев потврди неколку факти, реагираат од СДСМ по денешното гостување на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Телма телевизија.

„Антизападниот Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ се плашат од изборен пораз на претседателките избори односно од пораз на какви било избори. Соочен со сопствениот неуспех да ја блокира иднината на Македонија во НАТО и ЕУ и фактот што нема поддршка кај граѓаните Мицкоски бара алиби за изборниот пораз со измислување непостоечки теми и нелогични условувања. Антизападниот Мицкоски потврди дека ги дели истите вредности со Јанко Бачев. Како и Бачев и Мицкоски ги дели граѓаните, сее омраза. Исто како Бачев, и Мицкоски се противи на концептот едно општество за сите, концепт кој граѓаните силно го поддржаа. Исто како и Бачев, и Мицкоски е против европските вредности, против НАТО и ЕУ“, велат од СДСМ.

Од владејачката партија посочуваат дека на денешното гостување во „Топ темас“, Мицкоски признал дека тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ немаат програма, немаат идеја ниту план што би донеле нешто добро за граѓаните и државата.

„Заклучокот е едноставен. Антизападното ВМРО-ДПМНЕ и претседателски кандидат на Груевски и Мицкоски ќе се соочат со убедлив пораз на следните претседателски избори.ВМРО-ДПМНЕ ќе доживее исто толку убедлив пораз на следните парламентарни избори кога и да се одржат. Граѓаните ги поразија деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ги поразат и црнилата на антизападниот Мицкоски и нема да дозволат нов Иванов, ниту нов Груевски. Македонија тргна напред и враќање назад нема. Граѓаните одбраа напредок и иднина во ЕУ и НАТО“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2019 - 20:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега