Паднаа четворица дилери- граничната полиција пронајде 20 килограми марихуана

Вчера околу 23.00 часот на улица „Александар Илиќ“ во Дебар, при контрола на патничко моторно возило „Фолксваген Поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 45- годишниот Д.А од Тетово, полициски службеници пронашле две торби со 20 килограми опојна дрога марихуана.

Д.А. е лишен од слобода и приведен во Полициската станица Дебар, соопштува МВР.

Во врска со овој случај на граничниот премин „Блато“ бил приведен K.Х.(41) од Република Албанија, додека на граничниот премин „Ќафасан“ биле приведени И.Е.(33) и Ц.Г.(31), двајцата од Република Албанија.

Овие три лица биле предадени и задржани во Полициската станица Дебар. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2019 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега