Митрески: Во собраниска процедура влегува Предлог-законот за спречување на корупцијата и судир на интереси

Координаторот на СДСМ, Јован Митревски вели дека ги отвораме вратите за избор на нов состав односно независна и професионална  Државната комисија за спречување на корупција.

„Со предлог законот се прошируваат надлежностите на Комисијата со цел таа да стане тело кое суштински, а не само декларативно ќе застане на патот и ќе и се спротистави на корупцијата во државата.Македонија, има потреба од таква силна независна институција.Имајќи ја предвид важноста, но и итноста од нов состав на антикорупциската комисија, овој Закон пред пратенците ќе се најде по скратена постапка и со европско знаменце“ вели Митревски.

„Очекувам, апелирам, ги повикувам сите пратеници да покажат дека се навистина против корупција и да го поддржат предлог законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.Крајно време е да запрат блокадите и деструкциите. Партиските интереси треба да се стават на страна. Независно, професионално и силно регулаторно тело кое ќе се бори против корупцијата е во интерес на целокупното општество.Време е Македонија конечно да добие вистински силна и целосно независна Државна комисија за спречување на корупција“ нагласи Митревски.

Митревски нагласи дека така се гради држава по европски стандарди.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2019 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа