ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не ве гласаа за промена на името и кацарска судство

ВМРО-ДПМНЕ со реакција на соопштението на СДСМ дека ќе биде поразен Мицкоски на избори.

Граѓаните на Република Македонија кои гласаа за СДСМ на предвремените парламентарните избори не гласаа за промена на уставното име на државата, промена на македонскиот идентитет, историја и јазик. Граѓаните кои гласаа за Заев, не гласаа за двојазичност на целата територија на Република Македонија. Граѓаните беа излажани.

          СДСМ во предизборието не ветуваше зголемени давачки кон државата, осиромашување на граѓаните, разорување на економијата, крах во здравството и образованието. Аболицираниот Заев не им посочи на граѓаните дека ќе продолжи со политиката eдно евро за Вицето, а криминалните тендери и грантови ќе ги испумпуваат буџетските пари, парите на граѓаните за богатење на високи државни и партиски функционери на СДСМ.

          Граѓаните не гласаа за црнилата на Заев, не гласаа за чемер и јад, за селективна правда, Рускоска обвинителство и Кацарска судство. Нема ни трага ни глас од предизборните ветувања на СДСМ, граѓаните се уште чекаат просечна плата од 500-тини евра, докторите ја чекаат платата од 100 илјади денари, а ги нема ни ветените 600 километри автопат.

          Токму поради лагите и манипулациите, поради поразите и понижувањата, граѓаните ќе ги поразат црнилата на следните предвремени парламентарни избори, тие ќе го поразат Зоран Заев и СДСМ и ќе го испратат во политичка пензија. Граѓаните се зората која ќе ги истера црнилата!

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2019 - 18:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа