Костадинов: Платите растат, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните, во секое семејство

Бројни економски показатели секојдневно докажуваат дека со успешните економски политики и придвижувањето на интегративниот процес, економијата е веќе на здрави основи и се движи во вистински правец, кажа на денешната прес конференција на Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Растот на просечната плата во 2018 година изнесува 5,7 отсто и е за дури трипати поголем од просечниот раст во последните пет години, покажуваат официјалните податоци на Министерството за финансии. Платите растат, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните, во секое семејство. Напредокот во интеграцијата кон ЕУ и НАТО ја врати довербата во македонската економија, го врати оптимизмот кај инвеститорите. Доказ за тоа е растот на прометот на Македонската берза кој во 2018 бил за речиси 120 отсто поголем од прометот остварен во 2017 година“, вели Костадинов.

Тој истакна дека со приближувањето до полноправно членство во ЕУ и НАТО, Македонија станува сигурна, атрактивна и посакувана дестинација за туристите. За првпат во историјата на независна Македонија, во 2018 година, без месец декември, во државата престојувале над еден милион туристи.

„Ова само дел од низата параметри што ја покажуваат успешноста на економските политики и значењето на процесот на интеграција за развој на економијата.

Со влезот во НАТО што е веќе извесен, овие показатели дополнително ќе растат.

Влезот во НАТО и почетокот на преговорите со Европската унија ќе го забрзаат економскиот раст, македонската економија ќе стане уште поконкурентна и поатрактивна за инвеститорите, ќе растат инвестициите, платите, работните места, а со тоа и индустриското производство и извозот“, кажа Костадинов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2019 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега